Достапни линкови

Јилдирим: Нема ублажување на антитерористичките закони


Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека јасно му ставил до знаење на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц оти неговата земја не може да ги ублажи своите антитерористички закони, што е барање на Брисел за укинување на визите.

Шулц, по разговорите со турскиот премиер во Анкара, истакна дека тие не се согласиле по сите прашања и дека Турција мора да обезбеди почитување на основните права.

Според Шулц, тоа што постојат недоразбирања околу спорниот закон не значи дека договорот ќе доживее неуспех.

Анкара и Брисел постигнаа договор според кој Турција треба да го контролира мигрантскиот бран во Европа, а за возврат, меѓу другото, да довие визна либерализација за турските граѓани.

XS
SM
MD
LG