Достапни линкови

logo-print

Чешка: Русија спроведува „информациска војна“


Руските разузнавачки служби спроведуваат „информациска војна“ во Чешка, предупредува чешката Агенцијата за контраразузнавање. Тие наведуваат дека „голем број“ на руски разузнавачи работеле на тајна задача во 2015, како дел од руската амбасада во Прага. Според чешката служба, од странските мисиси во земјата, руската е најголема. Агенцијата предупреди дека руските агенти создавале мрежа на луѓе кои би можело да се искористат за дестабилизација или за манипулација во чешкото општество или во политичкото опкружување во секое време. Чешката служба во извештајот објавен денеска наведува дека агентите се фокусирале на ширење на лажни информации во врска со конфликтите во Украина и во Сирија, а се обидувале и да го поткопаат единството на Европската унија и НАТО, преку дезинформации.
Во извештајот се вели дека и кинеските разузнавачки служби ги засилиле своите активности во Република Чешка и го продлабочиле влезот во политичките и во бизнис круговите.

XS
SM
MD
LG