Достапни линкови

Турција и ЕУ со различни ставови за безвизниот режим


Tурскиот министер за европски работи Омер Челик.

Tурскиот министер за европски работи Омер Челик.

Турција се уште не ги исполнила сите барања за безвизен режим со Европската унија, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврамопулос кој е во посета на Турција.

„Турција постигна значителен напредок, но голем број барања се уште претстојат да бидат исполнети“, нагласи еврокомесарот.

Клучен услов на ЕУ кој Анкара нема намера да го исполни, е измени во законот за борба со тероризам кој според Брисел ги ограничува граѓанските слободи во Турција.

Од друга страна, турскиот министер за европски работи Омер Челик изјави дека Турција нема да го применува договорот со ЕУ доколку не добие визна либерализација. Тој додаде дека Анкара се обврзала на договорот со Брисел во март и ги има исполнето сите свои обврски.

Турција и ЕУ постигнаа договор, според кој Анкара треба да го контролира мигрантскиот бран во Европа, а за возврат, меѓу другото, да добие визна либерализација.

XS
SM
MD
LG