Достапни линкови

Кина не издава визи за Киргистанци


Кинеската амбасада во Бишкек не издава визи на граѓаните од Киргистан по терористичкиот напад врз амбасадата на Кина во земјата.

Министерството за надворешни работи на Киргистан денеска објави дека оние граѓани кои аплицирале за виза, може да ги добијат назад своите пасоши без визи. Бомбаш-самоубиец со автомобил удри во портите на кинеската амбасада во Бишкек на 30 август, по што детонираше експлозив. При нападот загина возачот на автомобилот, а повредени се тројца вработени во амбасадата. И киргистанските и кинеските власти велат дека станува збор за терористички напад. Засега никој не презеде одговорноста за бомбашкиот напад.

XS
SM
MD
LG