Достапни линкови

Бекенбауер под истрага во Швајцарија


Франц Бекенбауер

Франц Бекенбауер

Швајцарскиот јавен обвинител соопшти дека швајцарските власти отвориле истрага против четворица членови на извршниот одбор на Организацискиот комитет за Светското фудбалско првенство во Германија во 2006 година, меѓу кои и против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер. Портпаролот на обвинителството, Андре Марти, денеска соопшти дека истрагата се води за измама, малверзации, перење пари и за проневера. Освен Бекенбауер, под истрага се и Хорст Рудолф Шмит, Тео Цвајнцајгер и Волфганг Нирсбах. Четворицата се осомничени дека намерно ги лажеле другите членови на Организацискиот комитет за злоупотребата на средствата за организација на Светското првенство во 2006 година. Швајцарија тврди дека има надлежност за случајот, имајќи предвид дека дел од наводните криминални активности се случиле на швајцарска територија.

XS
SM
MD
LG