Достапни линкови

Собранието расправа за оставката на Чавков


Собранието ја почна расправата по предлогот за избор на член на Владата откако министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка.

Пратеничката група на СДСМ побара оваа точка да се симне од дневен ред бидејќи според нив нема никаква логика денеска да се гласа за нов министер за внатрешни работи, а веќе утре согласно вчерашниот договор на лидерската средба, да се избрира нов министер за внатрешни работи од редовите на опозицијата.

По барање на пратеничката група на ДУИ седницата е прекината и ќе продолжи за половина час. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, образложувајќи го барањето за пауза, рече дека ваквиот предлог е спротиставување на одлуката донесена на вчерашната лидерска средба дека на 100 дена од изборите треба да биде избрана новата техничка влада.

Досегашниот министер за внатрешни работи поднесе оставка на функцијата, а Оливер Андонов е предлогот на Владата за нов министер за внатрешни работи.

Откога пратениците ќе го изберат Андонов, тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во Собранието утре.

XS
SM
MD
LG