Достапни линкови

Членките на ОБСЕ разговараат за безбедносни прашања


Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска во Потсдам, на покана на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, разговараат за десетина прашања поврзани со европската безбедност. Се разговара за бегалската криза и заканите од терористички напади, но и за низа други конфликти во кои е инволвирана ОБСЕ, како кризата во Украина, спорот меѓу Ерменија и Нагорно Карабах. На неформалниот состанок, Македонија ја преставува вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски. Предвидено е тој да оствари средби со неколку негови колеги од земјите членки на ОБСЕ. Американски претставник на конференцијата во Потсдам е заменикот на државниот секретар Џон Кери, Антони Блинкен. Во Организација за безбедност и соработка во Европа, членуваат 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија.

XS
SM
MD
LG