Достапни линкови

Во Косово одложена расправата за демаркацијата


Косовското Собрание ја одложи расправата за демаркацијата на границата со Црна Гора. Владата реши да го повлече предлогот од дневен ред во Собранието, но тоа не значи дека се повлекува од договорот, рече премиерот Иса Мустафа. Не се знае кога повторно предлогот ќе биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред собраниската зграда се одржуваат протести, предводени од опозициската партија Самоопределување, која се противи на демаркацијата со Црна Гора, оти сметаат дека на тој начин Косово ќе загуби дел од територијата. Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово нема да загуби ниту еден метар од својата територија заради демаркацијата на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG