Достапни линкови

logo-print

Косово донира 50 илјади евра за поплавените во Македонија


Косовската влада донесе одлука со која за настраданите од поплавите во Македонија издвојува 50 илјади евра.

„Помошта е во духот на добрососедството. Нашата влада треба да го следи примерот на другите држави и да му помогне на својот сосед, Македонија“, изјави шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, пренесуваат косовски медиуми.

Веднаш по невремето што го зафати скопскиот и тетовскиот регион, косовската влада понуди помош за справување со последиците, а упати и специјална екипа и соодветна механизација за расчистување.

XS
SM
MD
LG