Достапни линкови

logo-print

Бизнисите од поплавените подрачја бараат помош


Стопанствениците од Стајковци, Сингелиќ и Арачиново, подрачја кои неодамна беа поплавени, бараат институционална поддршка преку ослободување од давачките и субвенции за да не ги затворат бизнисите. Револтирани се, велат, од владината одлука која предвиде проценка на штетите од поплавите само кај домаќинствата, а не и кај нив.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) велат дека најмалку седум милиони евра изнесува материјалната штета што ја претрпеле мал дел од фирмите во погодените подрачја, плус авансно платените 1,5 милион евра по основ на ДДВ, како и 1,3 милиони евра за царини и акцизи на стоката која е уништена.

Дополнително треба да се утврди колкави се вистинските загуби.

„Штетите од поплавите во Стајковци, Сингелиќ и Арачиново за најголем дел од бизнисите ќе значат банкрот. Институционалната поддршка изостана, а тие не се моќни сами да застанат на нозе“, вели претседателот на Комората Неби Хоџа.

Според него, посебно на удар се малите фирми, трговците-поединци и ДООЕЛ-ите. Не шест месеци, туку најмалку две години ќе им требаат за финансико стабилизирање и враќање во првобитната состојба.

XS
SM
MD
LG