Достапни линкови

Штајнмаер: Договорот да се спроведе, СЈО да не се попречува


Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори.

„Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо и на тој начин да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот за приближување до ЕУ. Притоа останува важно, Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демократските институции на земјата“, вели Штајнмаер во пишаната изјава што денеска ја објави германската Амбасада во Скопје.

Тој им се заблагодари на еврокомесарот Јоханес Хан и неговиот тим, како и на специјалниот пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл, кои, како што наведува, со своето посредништво значително придонесоа за успехот на партиските разговори.

XS
SM
MD
LG