Достапни линкови

Претседателот на ЕП Шулц во посета на Анкара


Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска пристигна во Анкара. Тој е еден од највисоките претставници на Европска унија кој е во посета на Турција по обидот за воен удар. Турската власт ја критикуваше ЕУ дека не ја посетила земјата по обидот за пуч.

„Посетата има за цел да изрази почит кон сите турски граѓани, кои храбро излегоа на улиците, за да ја заштитат демократијата во земјата“, истакна Шулц пред посетата на Анкара.

Предвидено е Шулц да се сретене со претседателот Реџеп Таип Ердоган, со премиерот Бинали Јилдирим, со шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу и со претставници на четирите парламентарни групи.

XS
SM
MD
LG