Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ ги прави последни прегрупирања во МВР


Министерот за внатрешни работи Митко Чавков си поднел оставка, а предлог за нов министер е Оливер Андонов, потврдуваат од Владата за МИА. Од Владата информираат дека премиерот Емил Димитриев ја прифатил оставката. Во текот на денот Собранието треба да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. Оливер Андонов е познат како активист на ГДОМ.

Ако Собранието го одобри Оливер Андонов, тој ќе биде министер неполн ден, а потоа, откако ќе се формира преодна влада, ќе биде и дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Според портпаролот на Владата, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Портпаролот потврди и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.

Владејачката партија ги прави последни прегрупирања во МВР, пред опозицијата да го преземе министерството. Утре треба да се одржи собраниска седница на која според партиските договори, министерската функција во МВР оди во рацета на СДСМ. Според партискиот договор од 20 јули, откако СДСМ ќе го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, ќе може да направи само 15 кадровски промени на раководни позиции.

XS
SM
MD
LG