Достапни линкови

Узбекистан прославува 25 години независност


Узбекистан прославува 25 години од прогласувањето на независност од Советскиот сојуз во време кога останува нејасно каква е здравствената ссотојба на претседателот Ислам Каримов.Тој е на чело на државата од прогласувањето на независност. Последниот официјален извештај е од 28 август кога Владата соопшти дека тој е хоспитализиран. Следниот ден неговата ќерка напиша дека доживеал мозочен удар, но е во стабилна состојба. Некои медиуми јавуваа дека е починат, други дека е жив. Се шпекулира дека тој починал на 29 август, но се бара кој ќе го наследи на функцијата. Дел од настаните планирани за прославата на годишнината се откажани.

XS
SM
MD
LG