Достапни линкови

Дилма Русеф веќе не е претседателка на Бразил


Дилма Русеф

Дилма Русеф

Бразилскиот Сенат гласаше претседателката Дилма Русеф да ја напушти функцијата поради манипулирање со буџетските средства. Шеесет и еден сенатор гласаа за импичмент, додека дваесет беа против таквата мерка. „Денеска е денот кога 61 човек, повеќето од нив обвинети за корупција, ги фрлија гласовите на 54 милиони Бразилци во ѓубре“, напиша Русеф на твитер по одлуката со која се стави крај на 13 годишното владеење на најзината левичарска Работничка партија. Вршителот на должноста претседател Мишел Темер ќе биде шеф на државата до истекот на мандатот на Русеф во 2018 година.

XS
SM
MD
LG