Достапни линкови

Мексико нема да плати за ѕидот со САД што го најави Трамп


Мексиканскиот претседател Енрика Пења Нието изјави дека му рекол на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп оти Мексико нема да плати за ѕидот што тој го предлага на американско мексиканската граница. „Во почетокот на разговорите тоа јасно му го ставив до знаење на Трамп“, напиша Нието на твитер, додавајќи дека побарал од Трамп да има поголем почит спрема мексиканскиот народ. Трамп претходно изјави дека од Мексико во САД доаѓале силувачи и криминалци и оти затоа е неопходен ѕид на границата.

XS
SM
MD
LG