Достапни линкови

Љуљзим Хазири e петтиот член на Комисијата за медиуми


Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување.

Oва го договориле лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА на денешната средба во Клубот на пратениците. Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој присуствуваше на почетокот на лидерската средба, по што си замина, изјави дека за нив е прифатливо се што ќе договорат лидерите на останатите три партии.

Рокот за назначување на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец и да биде избран со консензус, истече минатата недела. За оваа позиција се кандидираа десетина новинари и професори.

XS
SM
MD
LG