Достапни линкови

logo-print

Претседателот на ЕП ќе ја посети Турција


Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц утре ќе ја посети Турција. Планирано е тој да се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган, со премиерот Бинали Јилдерим и со други функционери во Анкара, соопштија денеска од ЕП. Пред посетата на Турција, Шулц нагласи дека ЕУ останува посветена на демократијата, демократските вредности и владеењето на правото во Турција, се наведува во соопштението од ЕП. Тој наведе дека ќе им оддаде почит на сите турски државјани кои храбро излегоа на улица во одбрана на демократијата во земјата. Тој вели дека сака да го врати политичкиот дијалог на вистинско место и дека отворено ќе разговара со сите релевантни страни за прашања поврзани за соработката меѓу ЕУ и Турција и тоа од безбедносни прашања до бегалската криза. Шулц вели дека Турција е стратешки партнер и земја кандидат за членство и затоа мора да се разговара за поуспешно да се соочат со предизвиците.

XS
SM
MD
LG