Достапни линкови

Соработката на Македонија со БиХ може да се продлабочи


Македонија и Босна и Херцеговина имаат добра билатерална соработка без отворени прашања, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој престојува во работна посета на Македонија, соопштија од Кабинетот на македонскиот претседател.

Двајцата соговорници изразиле заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработка во сите сфери од заеднички интерес. Тие оцениле дека економската соработка не го следи нивото на политичките односи меѓу двете земји, ниту пак соодветствува со реалните можности и капацитети.

Заемен бил заклучокот дека е неопходно низ дијалог и забрзана интеграција, како и со фокусираност на крупни инфраструктурни поврзувања, да се дојде до политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG