Достапни линкови

Груевски ги прифаќа сите услови на СДСМ за да има избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека ги прифаќаат сите услови на СДСМ за избори и покрај тоа што имаат забелешки. Груевски изјави дека нема да им остави уште една можност на СДСМ да избегаат од избори.

Останува СДСМ и ДУИ да се договорат за петтиот член на привременото тело кое ќе ја следи работата на медимите пред избори. Груевски вели што и да договорат СДСM и ДУИ, тие ќе го поддржат нивниот избор. Од ДПА најавија дека тие нема да учествуваат во избор на петтиот член на медиумското тело. ДПА очекува меѓународната заедница да биде гарант за фер и кредибилни избори.

Откако СДСМ и ДУИ ќе се договорат, останатите ќе се вратат да потпишат договор за избори. Груевски се надева дека тоа ќе се случи, оти како што вели, се што барале СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа. Груевски вели дека СДСМ предложиле новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ пред изборите. Тој објасни дека тие имаат низа забелешки за изборот на СДСМ, но сепак ќе го прифатат предлогот.

XS
SM
MD
LG