Достапни линкови

logo-print

Русија ќе си организира своја Параолимпијада


Владимир Лукин.

Владимир Лукин.

Русија планира сама да си огранизира натрпевари за нејзиниот параолимписки тим на кој му беше забрането да настапи на Параолимпијадата во Рио.

Шефот на параолимпискиот комитет на Русија, Владимир Лукин рече дека руските игри ќе се одржат на 7 и 8 септември во Москва.

Меѓународниот параолимписки комитет му забрани на целиот руски параолимписки тим да учествува на игрите во Рио, поради скандалот со допинг, спонзориран од државата. Руските спортисти ја обжалија одлуката, но Арбитражниот суд за спорт ја отфрли жалбата.
Параолимпијадата во Рио ќе се одржи од 7 до 18 септември.

XS
SM
MD
LG