Достапни линкови

Поплавените не треба да плаќаат сметки за вода


Граѓаните од подрачјата погодени од поплавите, не треба да ги плаќаат сметките за потрошена вода кои ќе ги добијат, а се однесуваат за месеците август, септември и октомври 2016 година, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје. Тоа е во согласност со пакетот мерки на Владата, наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите, кои го зафатија скопскиот регион.

XS
SM
MD
LG