Достапни линкови

ЕУ се подготвува да ги продолжи санкциите кон Русија


Амбасадорите на Европската унија следната недела ќе се сретнат за да разговараат за продолжувањето на санкциите кон Русија. ЕУ ги замрзна сметките и воведе визна забрана за речиси 200 луѓе одговорни за акции против територијалниот интегритет на Украина.

Извори од ЕУ за РСЕ велат дека санкциите најверојатно ќе бидат продолжени за уште шест месеци без многу дискусии.Санкциите за прв пат беа воведени во март 2014 година по руската анексијата на полуостровот Крим.

Санкциите на ЕУ се насочени кон енергетскиот, финансискиот и воениот сектор во Русија.

XS
SM
MD
LG