Достапни линкови

Започна лидерската средба, Груевски доцнеше


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Започна лидерската средба во Клубот на пратеници. Последен дојде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доцнеше 40 минути и влезе од задниот влез. Претходно пристигнаа и лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Лидерите на четирите партии кои го потпишаа Договорот од Пржино на денешната средба, според договореното, би требало да утврдат дали е спроведено договореното на претходната нивна средба за одржување предвремени парламентарни услови во Македонија, најверојатно на 11 декември годинава.

На средбата присуствуваат и претставници на меѓународната заедница, американскиот амбасадор Џес Бејли и висок претставник од делегацијата на ЕУ, бидејќи на амбасадорот Аиво Орав му истече мандатот, а неговиот наследник Самуел Жбогар се уште не е дојден во земјава, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.

XS
SM
MD
LG