Достапни линкови

Командантот на ИД во Сирија убиен во руски напад


Руското Министерството за одбрана соопшти дека при руски воздушен напад во провинцијата Алепо во Сирија бил убиен високиот командант на Исламската држава, Абу Мухамед ал Аднани. Од Министерството соопштија дека најмалу 40 милитанти се убиени во серијата воздушни напади. И од Пентагон претходно потврдија дека спровеле воздушни напади чија цел бил Аднани, но не јавија за резултати од нападите. Од Пентагот го опишаа Аднани како креатор на надворешните операции на Исламската држава и нејзин портпарол.

За убиството на Аднани јави и новинската агенција Амак, која се поврзува со оваа екстремистичка група. Аднани беше еден од ветераните на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG