Достапни линкови

Црвен крст собра милион евра за поплавените


На сметката на Црвен крст се собрани речиси милион евра за поплавените, соопшти генералниот секретар на организацијата Саит Саити. Тој соопшти дека парите ќе почнат да се делат од понеделник. Тие ќе се распределуваат линеарно на секое семејство согласно списоците добиени од комисијата за увид и проценки на штети. Се очекува сметката да порасне оти се најавени некои донации, а уште не пристигнале.

Според генералниот секретар на Црвен крст, од понеделник до 4.500 семејства од поплавените подрачја ќе добијат парична помош од околу 230 до 250 евра по семејство. Тој најави и друга помош.

XS
SM
MD
LG