Достапни линкови

Трамп во кратка посета на Мексико


Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, планира кратка посета на Мексико. Претходно тој критикуваше дека Мексико е дом на силувачи и криминалци. Трамп за време на денешната посета планира да се сретне со мексиканскиот претседател Енрике Пена Инето. Претходно Трамп во Аризона треба да одржа говор со неговиот предлог за имиграционите политики.

Во текот на својата кампања Трамп изјави дека ќе создаде сили за депортација кои ќе треба да протераат околу 11 милиони странци кои илегално живеат во САД. По контроверзните изјави за имигрантите од Мексико кои живеат во САД, мексиканскиот претседател го спореди Трамп со Хитлер.

XS
SM
MD
LG