Достапни линкови

Во борбите во Алепо убиен ирански генерал


Алепо.

Алепо.

Ирански генерал бил убиен во борбите против исламските милитанти во северна Сирија, јавија иранските државни медиуми. Тие велат дека пензионираниот генерал на Иранската Револуционарна гарда, Ахмад Голами бил убиен на 30 август во борбите против сунитските милиции во Алепо. Не се прецизира дали тој бил убиен од милитантите на Исламската држава или од сунитските бунтовници кои се поддржани од американските сили, а кои пак се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад кој има поддршка од Иран. Во извештаите Голами е опишан како волонтер кој служел во Сирија како воен советник на силите на сириската влада. Иран негира дека нејзини активни војници служат во Сирија.

XS
SM
MD
LG