Достапни линкови

logo-print

Ќерката на Каримов пишува дека тој е жив


Најмладата ќерка на претседателот на Узбекистан објави пост на социјалните мрежи со кои се сугерира дека Ислам Каримов се уште е жив. Лола Каримова-Тиљаева на својот Инстаграм профил и се заблагодари на јавноста за убавите зборови за поддршка и желби за закрепнување на претседателот. Таа пишува дека добрите желби ќе помогнат во неговото закрепнување. Засега нема официјални извештаи за состојбата на 78-годишниот Каримов кој е во болница. Последниот официјален извештај е од 28 август кога Владата соопшти дека тој е хоспитализиран. Следниот ден неговата ќерка напиша дека доживеал мозочен удар, но е во стабилна состојба. Некои медиуми јавуваа дека е починат, други дека е жив. Во меѓувреме денеска започна прославата на 25 годишнината од независноста на Узбекистан од Советскиот Совет.

XS
SM
MD
LG