Достапни линкови

Кери повика Пакистан да се бори против терористите


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Њу Делхи повика Пакистан да им се приклучи на другите земји во борбата против тероризмот, велејќи дека не може да има разлика меѓу „добри и лоши терористи“. Кери изјави дека Исламабад не треба да се чувствува изолиран од планираните трилатерални разговори меѓу САД, Индија и Авганистан следниот месец на годишните средби на ОН во Њујорк.

Кери денеска е во посета на Индија, во време на големи протести во Кашмир против индиската власт. САД постојано ги повикуваат Индија и Пакистан преку дијалог да го решат спорот околу Кашмир.

XS
SM
MD
LG