Достапни линкови

САД: Турските сили и сириските курди се договорија за примирје


Турските и курдските сили во северниот дел на Сирија постигнаа „лабав договор“ за прекин на меѓусебните напади, изјави портпаролот на Централната команда на американските сили, полковник Џон Томас.

„Во последните неколку часа добивме уверување дека инволвираните страни ќе престанат да пукаат едни на други и ќе се осврнат на борбата против Исламска држава“, истакна Томас.

Тој нагласи дека станува збор за „лабав договор“, кој се однесува на неколку следни денови, но САД се надеваат дека ќе се зацврсти.

Турција пред една недела започна воена интервенција против милитантите на ИД, но потоа се справуваше и со сириските курди.

XS
SM
MD
LG