Достапни линкови

logo-print

Путин ќе ја посети Јапонија во декември


Рускиот претседател Владимир Путин во декември ќе ја посети Јапонија, во обид да се намалат тензиите меѓу Москва и Токио околу спорните острови, соопшти Кремљ. Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе ја уточнат агендата на средбата на 2 септември, на маргините на економскиот форум во рускиот град Владивосток.

Односите меѓу Токио и Москва со години не се на добро ниво поради Курилски Острови, кои советските трупи ги окупираа на крајот на Втората светска војна, а Јапонија ги смета за дел од својата територија.

Тензиите околу островите ги попречуваат двете страни до денешен ден да потпишат мировен договор за официјално да се стави крај на војната, а со тоа се попречени трговските врски и инвестициите. Путин последен пат ја посети Јапонија во 2005 година, а Абе беше во посета на Русија во мај.

XS
SM
MD
LG