Достапни линкови

МВР обезбедува поранешни фунционери сè дури има опасност


Од Министерствто за внатрешни работи преку соопштение велат дека сите оние кои учествувале во планирање, организирање, координирање и реализирање на сериозни полициски акции се под одреден безбедносен ризик и затоа им треба заштита.

Медиуми претходно пишуваа дека и на година и четири месеци по оставките, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков се уште имаат полициско обезбедување, иако според доскорешниот закон (сменет на 23 август), обезедување им следува една година по престанок на функција. Како што наведуваат во МВР, тие делуваат превентивно за да не дозволат нешто да се случи. Понатаму од МВР наведуваат дека има смена во Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат, но само во времеетраењето, односно мерките за обезбедување ќе се применуваат додека трае опасноста.

XS
SM
MD
LG