Достапни линкови

ДИК: Извештајот за спорни гласачи e конечен


Државната изборна комисија (ДИК) денеска соопшти дека е конечен Извештајот за пријавените спорни гласачи, оти во предвидениот рок од 10 дена не е поднесено барање одтри или повеќе члена на ДИК за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот. Од Комисијата соопштија дека денеска ќе достават писмено известување до четирите најголеми политички партии со Извештајот за спроведената постапка за пријавување на спорните гласачи.

XS
SM
MD
LG