Достапни линкови

Кери: САД сакаат поголема соработка со Индија


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Њу Делхи се заложи за јакнење на врските меѓу САД и Индија во областа на безбедноста и економијата, пренесува Франс прес.

„САД и Индија се двете најголеми и најјаки демократии во светот и неопходно е да ги соединат своите сили, а корист од тоа ќе имаат не само двете земји, туку и целиот регион“, изјави Кери по состанокот со индиските власти.

Кери ја предводи американската делегација на седум состаноци за стратешкиот дијалог САД-Индија. Разговорите доаѓаат во време на големи протести во Кашмир против индиската власт. САД постојано ги повикуваат Индија и Пакистан преку дијалог да го решат спорот околу Кашмир.

XS
SM
MD
LG