Достапни линкови

САД нудат награда за информација за член на ИД


САД нудат награда од три милиони долари за информации за таџикистанскиот полковник Гулмурод Халимов, кој е во бегство и се приклучил на екстремистите на Исламска држава. Од американскиот Стејт Департментот денеска соопштија дека Вашингтон смета оти Халимов е клучен член на екстремистичката група. Халимов е поранешен командант на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи на Таџикистан. Тој се приклучил на ИД во април 2015 година. Таџикистанските власти велат дека Халимов на двапати бил сериозно повреден во Сирија.

XS
SM
MD
LG