Достапни линкови

Чеченци бараат Полска да им дозволи влез во ЕУ


Десетици Чеченци поставија камп од белоруската страна на границата со Полска, жалејќи се дека се „бегалци“ на кои полските власти не им дозволуваат да влезат во ЕУ. Групата руски државјани од севернокавкаската република Чеченија, меѓу кои има жени, деца и стари луѓе, вчера стигнаа до граничниот премин во близина на Брест и поставија камп откако не им беше дозволен влез во Полска. Дел од нив за Радио Слободна Европа изјавија дека нема да си заминат додека не добијат официјален одговор од владата во Варшава, каков и да е тој, на нивното барање за влез во ЕУ. Претставник на рускиот конзулат во Брест денеска пристигна на границата да разговара со Чеченците. Стотици руски граѓани од Чеченија во изминатите месеци дојдоа во Брест во надеж дека ќе може да влезат во ЕУ и да побараат азил. Дел од нив за Радио Слободна Европа велат дека бегаат од земјата поради неподносливото и често насилно однесување на државните претставници поставени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој ја има поддршката од официјална Москва.

XS
SM
MD
LG