Достапни линкови

ЕУ одлучи Епл да плати за заостанати даноци


ЕУ одлучи дека американската компанија Епл мора да плати до 13 милијарди евра за заостанати даноци, плус камати, во Ирска поради, како што велат, нелегални даночни олеснувања што ги добивала компанијата во изминатите 11 години. Денешната одлука е најголема досега донесена од Европската комисија што се однесува на данокот на мултинационалните корпорации.

Еврокомесарката за конкуренција Маргарет Вестагер рече дека тригодишната истрага открила дека Ирска му дала толку големи даночни олеснувања на Епл, што ефективната стапка на корпоративниот данок на компанијата паднал од еден процент во 2003 на помалку од илјадити дел од процент во 2014 година. Вестагер соопшти дека е незаконски, според европските правила за државна помош, членките на ЕУ да им даваат даночни олеснувања на одредени компании.

Ирската влада негира дека го фаворизирала Епл, тврдејќи дека „во овој случај беше платен целиот данок оти не беше обезбедена државна помош“.

Засега нема реакција од Епл, која е фирмата што го произведува популарниот Ајфон. Претставници на американското Министерство за финансии, пак, изјавија дека „едностраните постапки“ од Европската комисија се закануваат дека може да ги поткопаат странските инвестиции во ЕУ.

XS
SM
MD
LG