Достапни линкови

Во Косово уапсени шестмина за нападот на Парламентот


Полицијата во Косово уапси шест луѓе кои се осомничени дека имаат врска со гранатирањето на зградата на Парламентот на Косово на 4 август, соопшти полицијата. Тогаш двајца моторциклисти истрелаа гранати кон зградата на Собранието, но никој не беше повреден. Сите осомничени се членови на опозициската партија Самоопределување. Од партијата неколкупати до сега пуштаа солзавец во Парламнетот, додека нивни поддржувачи неколкупати се судрија со полицијата пред Собранието. Тие се противат на законот за демаркација со Црна Гора, како и на дијалогот со Србија под покровителство на ЕУ, со кој им се дава поголема автономија на српските области во Косово. Двата договори се од суштинско значење за прижближување на земјата кон ЕУ. Полицијата при апсењето на осомничените открила и оружје.

XS
SM
MD
LG