Достапни линкови

Кери во официјална посета на Индија


Државниот секретар на САД Џон Кери е во официјална посета на Индија. Тој со своите домаќини ќе разговара за трговски и стратешки теми во моменти на зголемени тензии во регионот Кашмир. Кери ќе ја предводи американската делегација на седум состаноци за стратешкиот дијалог САД-Индија, кој има за цел да ги подобри безбедноста и развојот на економските односи меѓу двете земји. Разговорите доаѓаат во време на големи протести во Кашмир против индиската власт. САД постојано ги повикуваат Индија и Пакистан преку дијалог да го решат спорот околу Кашмир.

XS
SM
MD
LG