Достапни линкови

Русија ги отфрла обвинувањата на САД за хакирањето


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ги отфрли обвинувањата на американските медиуми дека Русија можеби е вмешана во уште едно хакирање на онлајн системот за гласање во САД во пресрет на претседателските избори кои треба да се одржат во ноември.

Песков денеска рече дека извештаите се неосновани. Тој вели дека руската страна смета дека воопшто не треба да им се придава внимание на таквите извештаи. Вчера американските медиуми јавија дека Федералното биро открило дека се нападнати системите за гласање во две американски држави и ги повикаа сите држави да ја зголемат сајбер безбедноста пред изборите.

XS
SM
MD
LG