Достапни линкови

Гутереш води во трката за ГС на ООН


Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш

Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш

Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш го задржа првото место во третата рунда гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за нов генерален секретар на Светската организација. На второ место е словачкиот дипломат Мирослав Лајчак, додека на трето е кандидатот од Србија Вук Јеремиќ заедно со директорката на УНЕСКО, бугарката Ирина Бокова. Македонскиот кандидат Срѓан Керим е на шестото место од десете кандидати за таа функција. Советот за безбедност тајно ќе гласа се додека не биде постигнат консензус за кандидатот кој ќе го замени Бан ки Мун чиј втор мандат му истекува на крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG