Достапни линкови

Картер: Турција да остане фокусирана врз борбата против ИД


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер ја повика Турција да остане фокусирана врз борбата против милитантите на Исламската држава, а не да се бори против сириските курди кои се поддржани од Соединетите држави. „Разбираме дека Турција и курдските борци имаат историски разлики меѓу себе, но американските интереси се јасни и затоа апелираме да се гледа главниот приоритет, а тоа борбата против ИД“, рече тој. И покрај забелешклите на Вашингтон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека Турција ќе ја продолжи воената операција во Сирија се додека милитантите на ИД и сириските курдски борци кои ги нарекува терористи не бидат закана за турскиот народ.

XS
SM
MD
LG