Достапни линкови

logo-print

Француските власти кои забранија буркини на сослушување


Властите на француските градови кои забранија носење на буркини, костим за капење со кој се покрива целото тело, ќе бидат сослушани пред суд, соопштуваат судски извори во Франција. Комитетот за борба против исламофобија побара да се сослушаат властите на Ница, Рокбрин-Кап-Мартен и Фрежи поради барањето да забранат носење на буркини. Локалните власти ќе бидат сослушувани утре и задутре. Околу 30 градови на Азурниот брег им забранија на жените муслиманки на плажите да се појават во буркини, наведувјаќи дека сакаат да спречат провокации после исламистичкиот напад во Ница на 14 јули кога беа убиени 86 луѓе. Забраната предизвика широка расправа, но и критики. Францускиот Врховен суд деновиве ја поништи ваквата забрана во еден град, одлука која ќе се одрази и во другите места кои донесоа забрана за буркини.

XS
SM
MD
LG