Достапни линкови

Ден на жалост во Киргистан


Во Киргистан е прогласен ден на жалост по пожарот на 27 август во кој загинаа 14 луѓе од Киргистан, кои биле на работа во Москва. Во пожарот загинаа уште тројца други луѓе. Денеска во земјата знамињата беа спуштени на половина копје и не се одржуваа јавни забавни настани. Ден на жалост беше прогласена и за загинувањето на девет луѓе во сообраќајна несреќа исто така на 27 август. Претседателот на државата Алмазбек Атамбаев нареди да се обезбеди помош за семејствата на загинатите. Во меѓувреме, граѓани на Москва положуваат цвеќе пред амбасадата на Киргистан за да изразат сочувство за загинувањето на луѓето во пожарот.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска му вети на неговиот киргистански колега дека руските власти ќе спроведат темелна истрага за инцидентот и дека сите вмешани во трагедијата ќе бидат повикани на одговорност.

XS
SM
MD
LG