Достапни линкови

Власта не сака Собранието да и се меша во задолжувањето


Собранието не го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, поднесен од пратеникот Павле Трајанов. Законот предвидува секој долг што ќе го направи Владата преку издавање хартии од вредност над 100 милиони евра, да добие ратификација од Собранието.

Целта на законот е да се воспостави систем преку кој Собранието ќе има контрола врз задолжувањето, истакна Трајанов, додавајќи дека сега во Македонија нема кој да го блокира задолжувањето и неговото зголемување, ниту има инструмент за контрола.

Пратениците од владејачката партија не го поддржаа предлог законот.

Марјанчо Николов рече дека СДСМ ќе го поддржи законот откако констатира дека секој обид да се добие увид во јавниот долг, завршува неупешно зашто власта, како што рече, не сака граѓаните да знаат на што ги троши јавните пари.

XS
SM
MD
LG