Достапни линкови

logo-print

Германија со обвинение за тероризам против 16-годишно девојче


Германските обвинители покренаа обвиненија против 16-годишно девојче за обид за убиство и поддршка на терористичка организација.

Федералните обвинители денеска соопштија дека девојката дејствувала во името на Исламската држава (ИД) кога сериозно со нож повреди еден полицаец во градот Хановер во февруари годинава.

Девојката има двојно германско и мароканско државјанство и беше уапсена веднаш по нападот. Таа во јануари била во Истанбул, каде добила наредби за да го изврши нападот, а потоа се вратила во Германија. По враќањето, таа преку интернет побарала од членови на ИД да и помогнат да го организира нападот, рекла девојката при испрашувањето.

XS
SM
MD
LG