Достапни линкови

Министерката за култура во СЈО во својство на сведок


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска по неколкучасовниот рапист во Специјалното јавно обвинителство, рече дека била викната во својство на сведок. Таа се заблагодари што СЈО и дало можност да објасни дека, како што вели, дека сè било работено според закон. Не даде повеќе детали, а за тоа за кој предмет давала исказ, упати одговори да се побараат во обвинителството. Министерката претходно во просториите на обвинителството дојде сама, без придружба од адвокат.

Претходно во СЈО беше и бизнисменот Орце Камчев. Некои медиуми јавија дека на распит ќе дојде и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Минатата недела во СЈО се појавија градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и членка на ДИК Силвана Бонева и претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски.

XS
SM
MD
LG