Достапни линкови

ИД стои зад нападот на свадба во Ирак


Исламската држава ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад на една свадба во Карбала, јужно од Багдад во која загинаа 15 луѓе. Во нападот врз шиитска свадба во светиот град Карбала беа ранети десетици луѓе. Ирачките безбедносни претставници соопштија дека нападот го извршиле петмина милитанти, но оти само еден успеал да го активира експлозивот. Четворицата други напаѓачи биле убиени од безбедносните сили. Новинската агенција Аамак, која е поврзана со Исламската држава, објави дека четворица милитанти на ИД го извршиле нападот.

XS
SM
MD
LG