Достапни линкови

Фајон:Прво демаркација, па укинување на визите за Косово


Насилствата и инцидентите на Косово може да создадат потешкотии во Брисел кога е во прашање визната либерализација, изјави известителот на ЕП за визен режим со Косово, Тања Фајон пред одлуката на косовскиот парламент за демаркација со Црна Гора.

Фајон за РСЕ вели дека не може да гарантира напредок во тој процес доколку нема позитивни информации од Приштина. Расправата за демаркацијата е закажана во парламентот за в четврток.

„Демаркацијата на границата е еден од условите на ЕК и тоа во Брисел сите го очекуваат. Не сакам да шпекулирам кога може да очекуваме визна либерализација за граѓаните на Косово. Мора да одиме чекор по чекор“, изјави таа.

На демаркацијата остро се спротивставува косовската опозиција.

XS
SM
MD
LG